Ритмичката гимнастика претставува индивидуален или тимски спорт, кој е поделен во пет категории, и тоа: деца, младинска категорија, кадети, јуниори и сениори. Се користат и најразлични реквизити како јаже, хулахоп, топки, ленти и слично. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика, и модерен танц.
Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа,  брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движњеа. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност, и добра координација.
Римитчката гимнастика е особено препорачлива за деца. Освен што ги социјализира децата, и ги учи на тимска работа и меѓусебна почит, исто така ја зголемува флексибилноста, ги учи на поголема издржливост, дисциплина и самоконтрола, придонесува за нивна поголема самодоверба, навика за здрав живот, го опушта нивното тело и мозок. Спортскиот центар ,,Јане Сандански”  располага со совршени услови за овој спорт. Вашето дете ќе стекне навика од рана возраст да спортува, да се грижи за своето тело и здравје.
Јавете се во нашиот аеробик центар на +389 70288030, и резервирајте го местото на вашето дете.
Часовите имаме секој ден од понеделник до петок во два термини, од 17.30 и од 18.30 часот.
Цената за два пати неделно изнесува 1000 денари, а за три пати 1.200 денари.
Во здраво тело – здрав дух!