Тенис

Тенис

Тенискиот клуб Теннис Парк располага со четири терени на земјена подлога. Во летниот период сите четири терени се отворени за тренинзи и рекреација, а во зимскиот период два од нив се покриени со специјални балони од италијанската фирма Teloni Poletti.

Главен тренер е најдобро АТР рангираниот македонски тенисер Предраг Русевски, и поранешниот македонски Дејвис Куп репрезентативец Димитар Лабудовиќ. 
ТК Теннис Парк нуди тенис за сите негови љубители, на секоја возраст.

Освен четирите тениски терени, дел од Теннис Парк се и теренот за рекреативен бадминтон, и двата терени за падел-тенис. 
За сите професионални и рекреативци има обезбедено тушеви и соблекувални.

Дел од тенискиот клуб е и модерниот кафе-бар Теннис Парк кој се наоѓа веднаш кај кејот на реката Вардар.
На терасата од кафе-барот може да уживате во високата хигиена и пријатната атмосфера со кафе или друг пијалок, а за вас тука е нашиот љубезен персонал.